Неизвесноста се приведува при крај: ДУИ во проширен состав решава за сигналот кон СДСМ

од desk2

ДУИ многу скоро се очекува да донесе одлука, која засега води кон прифаќање на предлог програмата која Заев му ја достави на Ахмети. Партиски извори велат дека неизвесноста веќе се приведува при крај, информора ТВ24.

Според нашите информации уште денеска партискиот врв во проширен состав ќе испрати сигнал до СДСМ во кој ќе реферира во која мерка програмата е прифатлива. Истите извори додаваат дека е можно наскоро да има и Централното претседателство на ДУИ, кое треба да донесе конечна одлука.

Сепак дека одлуката нема да биде лесно донесена , говори фактот дека во партијата на Ахмети и натаму трае поделеноста. Целиот процес е отежнат поради спротивставени мислења од структура на партијата која и натаму инсистира на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст може да го прочитате тука

 

Слични содржини