Нејмар: Никогаш не сум сакал да играм во Англија

од desk3

Напаѓачот на Барселона Нејмар изјави дека тој никогаш не размислувал за преместување во англиското првенство. Бразилската ѕвезда ja започна својата кариера во Шпанија во 2013 година, а сега медиумите на Островот го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед.

“Никогаш не сум размислувал за можноста да играм во Англија. Ги гледам натпреварите на англискиот шампионат, но не многу, бидејќи јас не гледам многу фудбал. Го следам напредокот на Фелипе Кутињо и Габриел Жесус, но никогаш не помислив да се преселам кај нив”, изјави Нејмар за”Sun”.

Слични содржини