Некој и не сака АРМ да има механизација, зошто ќе нема некој тендерче !?!

од desk3

Читателот Д.Т. до редакцијата на локално.мк испрати писмо со свои видувања за справувањето и помошта на АРМ со последиците од водената стихија во скопско. Интрегрално Ви го пренесуваме неговото писмо:

DSC_0023
Еве последниве денови на сите со човечко срце горко им минува секој час мислејки на оние што настрадаа во поплавите, на оние што изгубија некој, на оние што остана боси и голи на студениот праг, оние кои долго уште не ке можат да заспијат од траумите кои се врежаа во свеста и подсвеста на сите кои се најдоа во тој дел како жртви.
Сите помагаат како знаат како можат, а оние што најдобро глумат дека се загрижени со цел само да се покажат како народни луге и да соберат глсови, фала им ама пробиени се.
Долго време на социјалните мрежи луге се соживејаа со Шарли Ебдо со Франција,со Србија со Турција со многу други кои на некој начин настрадаа,и тоа е во ред ама сега кога се потребни тука,никаде ги нема.
Гледам и се чудам нашата армија немала механизација немала инжињерци,нашите војници биле опремени само со лопати!!! Замислете 21 век лопати, чиниш за рововска битка се спремаме,и не е тоа битно,битно е дека и тој буџет што МО го имаше го скратија,и таа униформа која на многу војници е крпена и искината не е стара незнам колку, ама имале само по една немале да се пресоблечат ми рекоа некои од нив, и ред други маки што само нашите војници ги знаат испратени без оброк,без вода без основното,и некој ми вели треба да се јачат.Не драги мои за јачење има теретани вежби и терени а не глад и возење во приколката на камионот кој е неисправен на минус 8 ,не тоа не е јачење тоа е изживување.

Непамeтам ниедна криза, ниедна мака на татковината да поминала без потта и крвта на војниците,тие се секаде први тие се секаде жртви ден и ноќ,а за нив некој најмалку мисли, некој од нив нон стоп крати за да даде на други.

Помислив дека некој и не сака АРМ да има механизација, зошто ќе нема некој тендерче,може се лажам незнам ама така ми изгледа.Сите добро знаат каде се војската беше прва, во војна и во мир,на границата и во несреќите во спасување и во справување во вода и во оган,и редно е да се размисли за воениот рок,и редно е да се размисли кој има капацитет да брани граница после срамот на ограбената караула лани,и редно е на армијата да и се врати сјајот кој го заслужува зошто сите политичари со неа се фалат и се бришат кога им гори ‘а после луњата е*ати гуњата’ тоа мора да се смени, нашите синови и брака нашите сестри во униформата на војската треба да се чувствуваат гордо и среќно а не понижено и погазено зашто тие не вадат од секоја каша и својот живот го втурнуваат на работ и се за народот и татковината,епа политичари доста ја подценувате униформата.

Д.Т.

Слични содржини