Неколку лица се повредени како последица на пожар во Стокхолм

од Vladimir Zorba

Неколку лица биле примени во болница по избувнувањето на пожар во зграда, која се наоѓа во северниот дел на Стокхолм, пренесува The Local.

605e1b5a7c56a9544ccf658419a3bb05
Жителите скокале преку терасите, за да го избегнат пламенот што го зафатил објектот утринава.
Службите за вонредни ситуации биле повикани на местото на инцидентот околу 3 часот (по локално време) и се уште се обидуваат да го изгаснат огнот. Неколку лица се пренесени во болница, од кои многу се деца.
“Десет лица се примени во болница, а на единаесет им била укажана помош на место”, изјави портпаролот на противпожарните и спасувачките служби.

Слични содржини