Неколку привилегии за децата на постарите татковци

од desk3

Британски и американски научници докажаа дека синовите на возрасните татковци се попаметни, повеќе амбициозни и туѓото мислење речиси не ги интересира, во споредба со децата на млади родители, објави  “Дејли мејл”.

Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон истражувале информации собрани од 15 илјади парови во Велика Британија. Децата спроведоа онлајн тестови за интелигенција, интересите и нивното ниво на социјална изолираност.

Веројатноста возрасните татковци да имаат посериозна кариера и повисоко социално – економски статус од младите мажи е поголема, што значи дека нивните деца можат да пораснат во поповолна средина и да имаат пристап до квалитетно образование.

Слични содржини