Неколку совети за одмор од смартфонот

од Vladimir Zorba

Дури и да не ви се сака, понекогаш треба да се одмори од вашиот smartphone. Кратката пауза од социјалните мрежи нема да наштети никому. Еве неколку совети од BBC, кои ќе ви помогнат да се одморите од интегралниот пријател (смартфонот).

telefon
1) Исклучете ги известувањата за некое време. Сите ние сакаме да знаеме што се случува со нашите пријатели и со најновите вести, но нека го правиме тоа кога ние ќе процениме.
2) Ставете го телефон надвор од собата во која се наоѓате. На овој начин нема постојано да можете да поразгледате набрзина низ социјалните мрежи.
3) Не го проверувајте Facebook-a веднаш откако ќе се разбудите. Ако се случило нешто важно, веќе би ви се јавиле.
4) Избришете ги од вашиот социјалните медиуми за ден или два. Апликациите нема да бидат засегнати, а вие ќе се одморите и нема да ги проверувате на секои 5 минути.
5) Ако излегувате во ресторан или на кафе со пријателите, оставете го смартфонот дома. Уживајте во пријатната дружба без никакви виртуелни оттргнувања.
6) Исклучете го телефонот, отворете книгата. Или барем весник или списание. Прочитајте нешто што ќе ви го збогати денот и ќе ве натера да се насмевнете.

7) Ограничете го времето што го поминувате со телефон. Кога се шетате сами надвор, не проверувајте Facebook и Twitter, туку радувајте се на природата

Слични содржини