Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор.  Ова пред половина час го изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте пред Клубот на пратениците каде што веќе  два дена се одржуваа интензивни преговори.

0F4508D5-4492-4117-A76C-A4EB02D1ABA8_cx40_cy9_cw52_w900_r1_s_r1

Ванхауте рече дека сите претставници на политичките партии се подеднакво одговорни.

Различните гледишта на партиските лидери кои ги донесоа до неуспешен договор од последната точка од пржинскиот договор- за медиумите, беа иницирани од неколку точки кои треба да се спроведат. Имено, главните несогласувања се околу составот на Агенцијата за медиуми. Олеснувачот Питер Ванхауте рече дека тие мора да бидат независни, бидејќи од нив зависи дали медиумите ќе функционираат објективно.

timthumb

Утре нема да има преговори за реформите во медиумите, туку се очекува да биде објавена оценката на ЕУ и САД за подготвеноста на замјата за организирање на избори.

 

Слични содржини