Истражните органи за Германија навистина приведоа во Баварија маж кој превезувал оружје и експлозиви, но докази за поврзаност помеѓу него и терористите во Париз засега нема. Тоа го соопштил за ТАСС претставник на службата за кривичните дела на Баварија.

CG

Навистина во четвртокот, 5 ноември, застанавме автомобил, во која имаше оружје, експлозиви и рачни гранати. Возачот беше притворен. Тој не кажал од каде го има сето тоа, но претставникот на истрагата додава дека засега нема докази тој да е поврзан со терористичките акти во Париз.

Радиостаницата “Бајеришер рундфунк”, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека полицијата во германскиот град Розенхајм, провинција Баварија, уапси 51-годишен Црногорец, кој може да е поврзан со терористите кои ги извршиле нападите во Париз. Оружјето и експлозивните материјали биле скриени во професионално направено место во колата.

Слични содржини