Нема карантин на Инферктивна, се утврдува причината за двајцата починати

од desk2

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање… На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на Инфективната клиника.

Тој посочи дека починатите се од татко и син на возраст од 50 и 23 години кои дошле со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање…

– Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ. Нагласи дека во Клиниката нема карантин, туку има изолација на четворицата хоспитализирани лица и нема место за грижа и паника во јавноста.

Тој не сакаше да набројува можни болести од кои може да починале двајцата пациенти, затоа што рече дека симтомите се појавуваат во многу клинички слики на различни болести.

Слични содржини