Пакистанските власти вратија во Грција со авион 30 мигранти . Атина ги протерала и испратила до Пакистан.пакистанските власти тврдат дека не постои доказ дека тие се пакистански државјани.

migranti-sugli-scogli-0-image-a-2-1434394224173-679362

Со чартер лет од Атина пристигна денес на пладне по локално време, но пакистанските власти не дозволија 30 од 49 патници да го напуштат авионот посочувајќи дека нивниот идентитет не е утврден и дека поради тоа не може да бидат протерани во рамките на договорот за реадмисија.

Две лица убиени и едно тешко повредено во пукање во скопско Грчец

Пакистан има потпишано договор со Европската унија во 2010 година. Авионот беше три часа подоцна вратен во Атина, изјавија официјални лица на аеродромот. Деветнаесет мигранти биле пуштени да влезат во Пакистан.

Исламабад објави на почетокот од ноември дека го суспендира на договорот за реадмисија на илегалните мигранти за протерување на земјите од Европската унија, со исклучок на Велика Британија.

Пакистан настанот го осуди како “флагрантна злоупотреба”, а особено недостатокот на соодветно утврдување на државјанството на мигрантите.

Договорот е повторно воведен пред десет дена по посетата на еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос. Но пакистанските власти се пожалија дека условите на договорот не биле почитувана кога станува збор за денешниот лет.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Нисар Али Кан Кодури рече денес дека тоа било истовар “на бесправно репатрирани лица”.

Тој рече дека секое лице чии документи не се докажани ќе бидат вратени во земјата од каде што тие се протерани.

Слични содржини