Без големи напори рускиот претседател Путин веќе постигна многу во Сирија. Токму тој го држи под контрола и тиранинот во Дамаск. Дали тоа ги зголемува шансите за прекин на крвавата бања во Сирија?

0,,18794576_303,00

За време на Минхенската конференција за безбедност рускиот премиер даде изјава со која се создаде впечаток дека Москва оди по тврд курс на конфронтација со Западот. Но најверојатно тоа беше само една мала акција во рамките на т.н.. психолошка војна, бидејќи барем во Сирија руското раководство изгледа заинтересирано за соработка, договорено на истата оваа конференција. Без тешкиот збор на Москва, сирискиот претседател Асад едвај би се согласил на примирје и избори. Очигледно е дека Русија го држи под контрола тиранинот во Дамаск. И тоа од проста причина дека без руска помош неговите војници беа многу послаби отколку што сметаа многумина.
Сметките на Москва

Руската подготвеност за воено примирје не е некакво чудо или среќен збир на околности. Бидејќи Путин дефинитивно има интерес од воена деескалација. Тој веќе постигна многу, при тоа без големи напори. Го стабилизира сојузникот , го зголеми руското влијание во Сирија и на Блискиот Исток и конечно го постигна она што не му успеа во Украина – Американците седнаа на преговарачка маса заедно со Русите. И тоа не е само мелем за душа на едно државно управување, што сака повторно да биде светска сила, но и нуди многу ветувачки изгледи за понатамошни стратешки договори со Вашингтон. А и од гледна точка на Москва продолжувањето на конфликтот во Сирија не носи речиси никакви значајни придобивки, но пак во исто време би можело значително да ги зголеми трошоците. А тие и сега се доволно високи, како што покажува падот во руско-турските односи.

ДВ: Каде исчезнаа децата бегалци?

Зрак надеж

Украинската криза нè научи дека не треба да веруваме на сè што вели Кремљ. Затоа сега треба да почекаме дали договореното примирје, всушност, ќе влезе во сила во саботата. И дали ќе се почитува. Сириската опозиција со право потсетува дека под маската на борба против џихадисти, режимот во Дамаск може да продолжи да ја напаѓа. Покрај тоа, не е сигурно дали регионалните сили – и пред се Турција, Иран и Саудиска Арабија, ќе се вклучат во играта. Но, и покрај сето тоа не е пресилно да тврдиме дека по пет години војна, сега за првпат има изгледи за прекин на крвавата бања во Сирија.

Николас Бусе, “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”

Слични содржини