Во општините Лозово и Свети Николе нема нови случаи туларемија, но епидемиолозите велат дека потребно е локалните власти под итно да направат дезинсекција и дератизација, со цел болеста да не шири. И општините од источниот регион каде што пред месец и половина имаше големи поплави се подготвуваат превентивно да делуваат против туларемијата и другите заразни болести.

Првото што ќе се направи на почетокот на април е дезинсекција и тоа ларвицидна со оглед на тоа што инсектите се во фаза на ларвицидно размножување потребно е да се интервенира и истите да бидат уништени. Што се однесува и до туларемијата едни од пренесувачите на оваа болест се токму и инсектите, меѓу кои и глувците, зајаците и други животни и за таа цел веќе во април ќе биде извршена и прават постапка на дератизација, вели Драган Ристов портпарол на О.Штип

Меѓу превентивните мерки во поплавение подрачја е и превентивната вакцинација против болеста антаркс. Ветеринарните служби во штипскиот, битолскиот и кочанскиот регион пред неколку дена од Агенцијата за храна и ветеинарство добиле решинија за вакцинација на животните против оваа бактерија. Смртоносниот антракс за животните и луѓето, кој се користи како биолошко оружје не е непознат за подрачјето на земјава. Ветеринарите велат дека пред 25 години антраксот бил присутен на две локации во штипскиот регион.

Постојат дестрикти на антракс во Македонија, кои се под контрола , службена контрола каде што се спроведува вакцинација во текот на 20 години, а сега со поплавите со самото тоа што имаме промена на теренот и погодни услови за развивање и појава на бацилус антракс. Значи и затоа мора да се спроведе превентивна вакцинација со цел да се заштити здравјето на животните и здравјето на луѓето ,изјави Даниела Стојанова од Ветеринарната станица –Штип./Извор Телма

Слични содржини