Засега нема никаков одговр од судските власти. Едноставно молк, од Основниот суд Скопје 1 како ништо да не се случило и како да станува збор за обвинение за украден велосипед а не оштетен Буџет на РМ- одговор  нема!лисици

Вчера Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за преземање на мерки на претпазливост, за едно лице притвор и одземање на пасошот за три лица, сите осомничени во случајот „Трезор” .

 По истиот случај обвинителката Фатиме Фетаи  најави  предлог и замрзнување на имотот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.
Засега нема никаков одговр од судските власти. Едноставно молк, од Основниот суд Скопје 1 како ништо да н есе случило и како да станува збор за обвинение за украден велосипед а не оштетен Буџет на РМ- одговор  нема!
Во „Трезор“ четири лица од МВР, тројца од УБК и едно од министерството, се осомничени дека го оштетиле буџетот за 862.000 евра.
Вчера ниту еден судија по претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 не ги повика осомничените и не одговори на предлогот на СЈО, иако, според законот, тоа треба да биде сторено без одлагање.
Според Законот за кривична постапка, судијата на претходната постапка е должен без одлагање да го разгледа предлогот на обвинителството и веднаш да одлучи по него.

Откако ќе биде изведен пред судијата во претходна постапка, што вообичаено се случува веднаш по поднесувањето предлог од обвинителството, во рок од шест часа на осомничениот треба да му се достави решението дали е одреден притвор или друга мерка за претпазливост. Во решението се назначува кога осомничениот е изведен пред Суд и кога го примил решението. Осомничениот има право на жалба до кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во рок од 24 часа.

Иако  има барање од СЈО, иако прес конференцијата се пренесуваше и директно во живо, и сите медиуми и провладини и проопозициски пренесоа, судските власт се однесуваат као да ништо не слушнале,како да се глуви и не  разбрале или  дека воопшто ништо се случува. Молк  дека некој има тешко обвиненение против високи функционери од институциите на државата Македонија, истата таа  држава во која тие се избрани и платени  да го штитат редот и поредокот , да судат и пресудуваат согласно законите и во име на заштита на правдата и  дигнитетот на државата.

Слични содржини