Нема одлука за дислокацијата на споменикот „Воин на коњ“

од Vladimir Zorba

Нема прецизна најава за дислокација на споменикот „Воин на коњ“. Министерството за култура има изработено елаборати, но се уште не е потврдена ваквата акција.

„Во однос на останатите проекти се уште не преземаме актвности. Ова е динамичен период во кој големите политички прашања се решаваат позитивно за Македонија и не брзаме со решенијата.“ – изјави Роберт Алаѓозовски – министер за култура.

Премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ24, изјави дека споменикот на „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје нема да се урива и дека тоа не е ниту прашање во разговорите со Грција.

„Тоа не е прашање во разговорите.“ – изјави Зоран Заев – премиер во 24 Анализа.

Претходната Влада, предводена од поранешниот премиер Никола Груевски, потроши околу 9 милиони евра за негова изградба.

Слични содржини