НЕМА ПАРИ ! Универзална нема да се гради поради долговите за „Скопје 2014“

од Vladimir Zorba

 Универзална сала нема да се гради и годинава. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вели дека нема пари ниту Градот ниту Министерството за култура за реализација на проектот за нова Универзална сала.

„Во соработка со Министерството за култура правиме обид да го рестартираме проект за реконструкција на Универзалната сала. За жал заради лошата материјална состојба и во Министерството за култура и во Градот Скопје заради плаќањето на долговите од ‘Скопје 2014’ не сме во можност да предвидиме реконструкција во буџетската 2018 година. Со министерот сме во координација во буџетите за 2019 година да одвоиме средства за реконструкција на Универзалната сала во Скопје“, рече градоначалникот Шилегов./Либертас

Слични содржини