Нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

од desk2

МВР сѐ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски во Солун.

Двајцата поранешни началници во МВР, кои неколку месеци беа во бегство, се притворени во Солун, Грција. Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

НАЈНОВО!Во Солун уапсени Грујевски и Бошковски!

Слични содржини