Нема притвор за Горан Грујовски и за случајот „Трезор”

од desk3

Барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за еден од осомничените во случајот „Трезор” е одбиено како неосновано, информираат од Основниот суд Скопје 1.

pritvor20grujoski1

Како што пишува Фокус, притворот е побаран за Горан Грујевски од УБК. Ова не е првпат да биде побаран притвор за Грујевски кој се појавува во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Тврдина“, му беше определена мерка притвор, но откако одлежа некој ден во Шутка, Судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

За барањата на СЈО за мерки за претпазливост за останатите осомничени во Трезор, Судот се уште не донел одлука.

Попладнево, пак, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“.

Обвинителот од СЈО, Артан Ајро надлежен за случајот „Трезор“ рече дека одговор на тоа зошто барале изземање на судијата ќе каже специјалното обвинителство.

Адвокатот на осомничените, Никола Дододовски рече дека не знае и не е надлежен да одговори зошто СЈО бара изземање на судијата.

Инаку, денеска новинарите од пладне чекаа пред судот, но никој не ги види осомничените ниту како влегуваат, ниту како излегуваат од Кривичниот суд. На прашање до адвокатот Додовски дали неговите клиенти биле во судот тој одоговори: Секако.

Слични содржини