Нема транскрипти! Шеќеринска и реплицираше на Захарова и Москва!

од Vladimir Zorba

Русија тврди дека  обвинувањата  за мешање во внатрешните работи на Македонија се фабрикувани и неосновани

Обвинувањата за наводно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија се фабрикувани и неосновани, соопшти официјално руското Министерство за надворешни работи.

Изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова е дадена по интервју на македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска за „Блумберг“.

– Имајќи предвид дека претходната жртва на „Блумберг“ неодамна беше и српската премиерка Ана Брнабиќ, ја повикуваме агенцијата да објави целосен текст од интервјуто, како и аудио и видео снимка од разговорот со Шекеринска – изјави Захарова.

Таа додаде дека во тие инсинуации се гледаат обиди од страна на непријатели на Русија и Македонија дополнително да ги искомплицираат традиционално пријателските односи меѓу двете држави.

– Се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од реалните закани, кога станува збор за суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, посебно со вовлекување на земјите во НАТО, не земајќи ги предвид националните интереси – рече Захарова.

Поради тоа Москва ги бара транскриптите од разговорот и интервјуто за „Блумберг„ на увид за да провереле дали станува збор за грешка во преводот  како со „српскиот случај“.

НА оваа барање експресен одговор од министерката  министерката за одбрана Радмила Шекеринска  која вели дека не планира да ги бара транскриптите од интервјуто за британската новинска агенција „Блумберг“ .

„Министерката за одбрана нема намера да се меша во работата ниту на домашните, ниту на странските медиуми и оттаму воопшто не би сакале да го коментираме барањето на руското МНР за транскрипт“, велат од МО.

Оттаму истакнуваат дека министерката Шекеринска има дадено изјави и за други медиуми кои се достапни до јавноста.

„Позициите на Владата и на министерката Шекеринска за стратешката цел за членство во НАТО и добри односи со партнерските земји во меѓународната заедница како и со Русија се единствени, јасни и недвосмислени“, велат од МО.

 Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова по повод интервјуто на Шекеринска изјави дека обвинувањата на сметка на Москва за наводното мешање во внатрешните прашања на Македонија се исконструирани и неосновани. Таа оцени дека таквите изјави се во спротивност со ставот на официјално Скопје и на настојувањата на македонските власти за развој на конструктивни односи со Русија поради што побара агенцијата да го објави целиот текст од интервјуто, како и аудио и видео снимката од разговорот со Шекеринска. Захарова исто така рече дека руското МНР ја повикува Македонија да појасни дали зборовите на Шекеринска, кои ги објави „Блумберг“ се вистинити, имајќи предвид дека досега никој тоа не го демантирал.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервјуто за „Блумберг“ рече дека новата влада ги зајакнува напорите за влез на Македонија во НАТО, додавајќи дека членството во оваа алијанса ќе ја заштити земјата од руското мешање.

Слични содржини