(ВИДЕО) Нема законски измени за СЈО и заштитените сведоци, за Шилегов тие биле за да нема „убиство или самоубиство на некои од лицата во постапките”

од desk3

 

Пратениците од мнозинството не ги усвоија предлозите за измена на Законот на СЈО и за зашита на сведоци поднесени од СДСМ.

По помалку од час расправње , со 36 “за”  и 54 “против” , не помина предлогот на законските измени со кои се предлагаше продолжување на рокот за посотење на СЈО.

sobrani11-860x680

Социјалдемократот Петре Шилегов, изјави дека гласањето на овој Закон содржи „сериозни политички пораки, бидејќи СЈО проилезе од Пржино и треба да да помогне во разрешување на сериозната политичка криза која трае веќе две години.

Измените на Законот за заштита на сведоци беа одбиени со 52 гласа против .

Според Шилегов законските измени биле потребни за да не се случувале ситуации како „убиство или самоубиство на некои од лицата во постапките.

Пратениците од ДУИ не дојода на собраниската седница.

 

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ- Илија Димовски прва причина за одбивањето на предлогот де дека не прифаќале никакви договорања, предоговарања проширувања на време и рокови надвор од тоа што били договорено во процесот наречен „Пржино“.

 

Слични содржини