Мајли Мореј е шведска артистка, уметник и психолог. Низ годините Мореј на неколку пати создаваше провокативни протести во кои сосема голото нејзино тело застанува зад некаква општествено значајна теза.88b6eb6688f958005ef7a6cadae2bf41

Минатата недела убавата девојка сепак беше уапсена од лондонските власти, откако таа ги замолила минувачите да ги “допрат” нејзините облини, пренесе Cosmopolitan.

Наместо панталони Мореј имала трапезоидна кутија на карлицата, под која била сосема гола. Кутијата имала дупка со завеси, а идејата била некој маж да доживее среќа …

За таканаречената огледална кутија Мореј раскажува дека таа е наменета да одговори на настаните во Германија, кога повеќе од илјада жени беа подложени на сексуално малтретирање и силување. По овие настани Мајли  протестираше гола среде плоштадот, затворајќи го своето голо тело со голема плоча врз која го пишуваше следново: “Почитувајте! Ние не сме гол плен! “.screen-shot-2016-06-23-at-4-54-32-pm

Минатата недела таа повторно грабна мегафон: “Јас сум тука поради правата на жените и правото на самоопределување”, изјавила Мореј – “Жените имаат сексуалност, исто како и мажите, но жените се оние кои одлучуваат кога и како сакаат да бидат допирани”.screen-shot-2016-06-23-at-4-54-42-pm

Во овој ред на мисли убавиот психолог дозволил на различни мажи да ѝ ги допираат интимните  делови во рок од 30 секунди. По краток период на двоумење, повеќето се согласувале и подавале рака кон дезинфициенс, миг подоцна и кон тоа другото. Огледалната кутија е опремена со мини камери кои ги снимаат истовремено лицата на минувачите и случувањата во кутијата.

Додека настапите  во Амстердам и Дизелдорф не беа запрени, а полицијата направи забелешка единствено заради силниот звук од мегафон, во Велика Британија работите не останале така. Токму кога почна да разговара со лондонските минувачи, полицијата се вмеша и Мајли беше уапсена. Протестот  завршил со сместување во затвор и парична казна од четирицифрена сума.

Слични содржини