amerikanska-ambasada

Како што локално.мк неофицијално дознава од жители кои живеат околу Амбасадата на САД, но и   од вработени во амбасадата кои сакаа да останат анонимни,  денеска околу 18 часот од таму пријавиле дека има паркирано пикап возило за кое се сомневале дека можеби има експлозив во него. На местото веднаш пристигнале припадници од МВР од анти-тероризам, го обезбедиле местото, но  не пронашле никакви траги на експлозив. Сепак полицијата го подигнала возилото , веројатно за да изврши дополнителни проверки.

Од МВР засега нема  информации за настанот.

Слични содржини