Неонацистичкиот сајт „Дејли стормер“ исклучен во Русија

од desk2

На барање на Руското надзорно тело за интернет, интернет провајдерот во таа земја престана да го емитува сајтот на американските бели расисти, пренесе AFP.


Сајтот „Дејли стормер“ познат по неонацистичките ставови, помогна минатата недела во организација на митингот во Шарлотсвил, кога дојде до насилства меѓу белите расисти и контрадемонстрантите.

Американскиот провајдер Go Daddy забрани емитување на тој сајт уште во неделата, поради што „Дејли стормер“ ја префрли својата регистрација на доменот на Google, но уште во понеделникот беше одбиен од таму.

Потоа се регистрираше во русија на адреса dailystormer.ru, но во рок од неколку часа страницата е исклучена по барање на рускиот федерален сервис за надгледување на комуникациите, информациони технологии и медиуми (Roskomnadzor).

Во нивното соопштение се вели дека побарале од интернет провајдерот Ru-centar брзо да го исклучи сајтот „Дејли стормер“.

Страницата промовира неонацисктичка идеологија и поттикнува расистичка националистичка и други видови омраза, се истакнува во соопштението.

Слични содржини