Неонацистите во Берлин му оддадоа почит на Рудолф Хес

од desk2

Неонацистите денеска маршираа во Берлин за да му оддадат почит на вториот најважен човек на нацистичка Германија, Рудолф Хес, по повод 30 годишнината од неговата смрт во берлинскиот затвор, каде служеше доживотна казна за воени злосторства.


Исто така, се собраа околу 500 контрадемонстранти во близина на маршот во округот Спандау, а двете групи одвоени ги чуваа стотици полицајци.

Портпаролот на берлинската полиција Карстен Милер, вели дека на демонстрантите им биле намтнати одредени правила за маршот на неонацистите да помине во мир.

Полицијата соопшти дека тие ќе може да маршираат, но дека не може да истакнат симболи за глорификација на Хес, кој почина во Спандау затворот.

На уесниците на маршот им беше дозволено да носат транспаренти, но само еден на 50 учесници на срамниот собир.

Им беше дозволено да се собрат, затоа што полицијата смета дека не треба да се ограничува слободата на изразување и слободата на собирање. Тоа го искористија и контрадемонстрантите.

Левичарските групи претходно се закануваа дека ќе ги искористат сите средства да ги спречат неонацистите да оддадат почит кон Хес.
Хес во затворот во Берлин си го одзеде животот во август 1987 година, на возраст од 93 години.

Слични содржини