Непознато лице скршило прозорец на зградата на Владата

од desk2

Скршено е прозорско стакло на зградата на Владата од страна на непознат напаѓач, информираше МВР.

Според соопштението, напаѓачот фрлил бекатон плочка кон објектот и погодил еден од прозорците.

Случајот е пријавен во полиција од страна на обезбедувањето на владината зграда вчера во 22.50 часот.

Човекот потоа побегнал во непознат правец, а полицијата појасни дека местото е фотографирано и дека работат на пронаоѓање на сторителот.

Слични содржини