Нереди во Витлеем поради признавањето на Ерусалим како главен град на Израел

од desk2

Улиците на Витлеем се претворени во бојни полиња меѓу окупационата војска на Израел и Палестинците откако американскиот претседател Доналд Трамп, најави изградба на американска амбасада во Ерусалим.

И Израел и Палестина полагаат право на Ерусалим кој со чинот на Трамп ќе стане главен град на Израел во потполност. Палестинците, религиозните и секуларните, сметаат дека американскиот потег ќе предизвика потежок пристап на мировните преговори затоа што Ерусалим, односно неговиот иден статус, веројатно е најважната тема за двете страни.

Одлуката на Трамп врши некој вид зацементирање на моменталната состојба која не оди во прилог на Палестина. Имено, западниот дел на градот Израел го анектираше во 1948 година, додека источниот дел оф градот го окупираше во 1967 година.

Палестинските лидери повикаа на тридневни протести, а поголемиот дел од меѓународната заедница го осуди потегот на Вашингтон. Исто така, свикана е седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Повеќето држави од светот амбасади во Израел изградија во Тел Авив.

Слични содржини