Нервози и тепачки кај Стајковци…

од desk3

timthumb
СВР Скопје во соработка со останатите организациони единици во Министерството за внатрешни работи, како и во координација со субјектите на системот за управување со кризи, продолжија со преземање на мерки и активности за расчистување на поплавените региони. На сообраќајното обезбедување дадени се конкретни задачи за постапување, односно полициските службеници ангажирани за регулирање и пренасочување на сообраќајот, имаат за задача да овозможат нормален проток на сообраќајот на подрачјето на Општина Гази Баба и негово пренасочување, со давање на приоритет на работните машини да имаат непречен пристап за работа.

На 11.08.2016 година во 08.35 часот на обиколницата на клучка Арачиново застанало моторно возило „Мицубиши Пајеро“ управувано од Н.Г. (43) од Скопје, кој сакал со возилото да се движи кон населба Ченто. Откако му било кажано дека не може да се движи бидејќи сообраќајот е времено затворен, Н.Г. почнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници, притоа непочитувајќи ја издадената наредба да не се задржува и да го напушти просторот. По ова од страна на полициските службеници се превземени мерки за лишување од слобода, по што Н.Г. со голема брзина го напуштил местото и се упатил кон клучка Хиподром. Лицето набргу било пронајдено и лишено од слобода за сторени прекршоци по член 13 и 14 од ЗППЈРМ.

На 11.08.2016 година околу 11.30 часот на ул. „Роман Каскаљиевиќ“, од работниците кои биле ангажирани за расчистување на поплавените куќи, дошло до нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка. Лицата А.С., Б.С. и З.С. од едната страна и М.A. од друга страна си размениле по неколку удари по лицето и телото со што се здобиле со видливи поверди главата и телото. Поднесени се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
Инаку, на 11.08.2016 година регистрирани се 43 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени простории, површини, возила и ниви како и штети предизвикани од невремето на подрачје на СВР Скопје.

Слични содржини