НЕСЕКОЈДНЕВНО! Тодоров без одлагање, поднесе ОСТАВКА од функцијата пратеник

од Vladimir Zorba

Пратиски шок за Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Изненадувачко повлекување на пратеникот и првенец на ВМРО ДПМНЕ, еден од партиските војници на Никола Груевски кој се броеше и за можен негов иден наследник. Тој го врати пратеничкиот мандат на само  еден ден пред формирање на новата влада, и безз воопшто да почне и да седне во пратеничките клупи .

 

Никола Тодоров  вчера попладне поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

На својот фејсбук профил објави дека планира во иднина повеќе да се посвети на својата основна професија како адвокат.

-Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, наведува Тодоров на својот фејсбук профил.

Инаку тој е дипломиран правник и завршил студии на Правниот факултет во Скопје, а специјалност му е граѓанско право. Тодоров има положен правосуден испит, но нема ни ден искуство како адвокат.

Бил приправник на истражен судија во Основниот суд Скопје 1 во септември 2002 и тоа е се од правосудството. Потоа, на само 27 години на голема врата влегува во политиката и почнува да реди функции. Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2007 е заменик директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Кусо време е раководител во скопскиот Катастар, а во јули 2009 седнува во министерската фотелја во образованието. Таму останува до јули 2011, а потоа се утврди во Министерството за здравство каде остана до последниот ден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тодоров од политиката, судејќи според анкетниот лист доставен во Антикорупциската комисија, финансиски си заминува како под просечен македонски граѓанин, но со големо петно и многу дамки за сомнителни тендери во неговата кариера.

 Тој важаеше за верен извршител на Груевски  и во овие 10 години владеење на Никола Груевски , смени повеќе функционерски и партиски  позиции, но секогаш беше во владата на Груевски и блиску до неговите одлуки и промоции и бранење на истите

Слични содржини