Несогласувања меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за платформата

од desk2

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека предмет на преговори со ДУИ околу формирање на Владата во ниту еден момент не била Декларацијата на албанските партии. Според него, фактот што ДУИ не коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ е токму неприфаќањето на оваа Декларација, информира Алсат М.

Но, потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта го демантира Димовски. Во емисијата “Патот кон”, Бејта рече дека ВМРО-ДПМНЕ предложила двојазичност на полициските униформи.

„Тоа беше нивен предлог, со кој се согласивме и ние, полицајците Албанци да имаат униформи на албански јазик. Тоа е нивен предлог, полициските униформи на Албанците да бидат двојазични на македонски и на албански јазик.“ – изјави Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ

Од ДУИ продолжувата да тврдат дека коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ не била постигната поради различните позиции околу СЈО. Но, од ВМРО возвраќаат дека до договор не дошло поради тоа што Груевски ја одбил албанската платформа./извор Алсат М

Слични содржини