Неспокојот е идентитет

од Vladimir Zorba

Бојан Иванов за „Неспокоен национализам“ – најновата книга на Љубомир Д. Фрчкоски, анализа објавена на порталот Либертас.

12920273_10206708726983094_6722739108223566064_n

Студијата за нашиот (привремено!?) нарушен општествен спокој ја добив од авторот (Љубомир Данаилов Фрчкоски, Неспокоен национализам, Култура, Скопје 2016), со трогателна посвета за неспокојната тектоника на нашето пријателство.

Во случајов, оваа книга на Фрчкоски правовремено и точно ги повтори и утврди двете клучни – оперативни и темпорални – точки на нашиот однос. Јас сум токму оној непосветен читател комушто Фрчкоски му се обраќа, а тој … тој е мојот школски другар од клупата со кого што (пред четириесеттина години?!) заедно и на глас декламиравме на првиот час по латински јазик дека историјата е учителка на животот. Накусо, ние обајцата, … апсолутно не можеме да се разбереме но, одлично се сфаќаме. Ако е за пријателство – и премногу е!

Веднаш ќе се вратам назад, … назад кон книгата Неспокоен национализам и кон моите мотиви да се произнесам за самото искуство на читањето.

Всушност, најпрво читав како мене да ме очекува обврската да го допишам последното поглавје на книгата, како јас да треба да појаснам уште некои поими или да омекнам одделни (свои!?) аподиктични искази. Таквото читање, надоврзувајќи се на традициите од дамнешната, француска (пост- структуралистичка) семиотика, би го пре-толкувал низ дијалектиката на задоволството и уживањето во текстот.

Имено, читајќи ја и препрочитувајќи ја студијата на Фрчкоски, чувствував длабоко споделена, колективна солидарност со сите други, замислени и стварни анонимни читатели на оваа книга, коишто соочени со истите реченици и различни доживувања, слики и мисли, ги градат и разградуваат врските на интелектуална посветеност и приврзаност кон авторот.

Тоа ќе рече дека во моето читање на студијата Неспокоен национализам, настојував да го одбегнам 1 уживањето во читањето коешто (суверено) му припаѓа на писателот при последната редакција на сопствениот текст. Поточно, читајќи, настојував да ја освојам позицијата на извесна теренска, прирачна дискурзивност наменета за, и свртена кон некаква дополнителна мобилизација на онаа моја, замислена или стварна (но секако, моја) група посветени читатели на туѓиот (и можеби сè уште не-метаболизиран) текст.

Порано, некогаш, … мошне одамна, за именување на таквото настојување, сите се ползувавме само со еден, ист збор – критика!

Денес навистина е (или пак, само изгледа) невозможно, да се мисли текстот како книжевна форма којашто неотповикливо го омеѓува полето на едното, единствено и обединето дисциплинарно знаење. А тука, пред нас, ете го и Фрчкоски како во својот Неспокоен национализам слободно ги преминува усвоените тематски и методолошки граници на ригидниот дисциплинарен интерес, како со леснотија навлегува во широките подрачја на знаењето коишто се протегаат од историските реминисценции и историографските пресеци, преку психо-социјалните анализи и отаде, сè до политичката философија и социјалната теорија.

По некое молкум прифатено правило – во точката на приодот кон волку обемните и сложени четива, или поточно, во мигот на втемелување на самиот критички чин (или барем, за моето пригодно разбирање на критиката како мобилизација) – формата секогаш се јавува во улога на втемелувачка толковна рамка за значењето на текстот. Оттука, би се осмелил да нагаѓам дека формата на ова излагање за неспокојот и национализмот е зададена токму од привидниот, зајадлив мулти-дисциплинарен интерес на Фрчкоски, како и од неговата подбивна игра со методологијата на наративните и аналитички фрагменти. Значењето на таквата, за сега само претпоставена замисла на 2 авторот, за мене е непротивречно содржано во способноста на оваа форма, беспоговорно да му ја одземе привидната автономија на национализмот како поимно јадро на текстот – автономија којашто нужно произлегува од секој обид за тематизација на историскиот објект во светот.

Свртени и согледани од опачината, авторските намери и одлуки на Фрчкоски уште по јасно се пројавуваат во одбивањето, во радикалното отфрлање на национализмот како опредметена именка со афирмативни својства, односно, како објект со материјални белези којшто мислата го мисли а раката (нели?!) самата го посочува. И повторно морам да се вратам назад, … назад кон препрочитување на насловот којшто Фрчкоски го има одбрано за својот труд – Неспокоен национализам!

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини