Нетанјаху се заканува со откажување на состанокот со Габриел

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани синоќа дека ќе го откаже состанокот со германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, доколку тој се состане со претставници на невладината организација „Разбивање на тишината“ (Breaking the silence), изјавија израелски претставници. 

Портпаролот на германското МНР претходно најави дека Габриел во вторник  би требало да се состане со граѓански организации, но не наведе со кои, а израелските медиуми пренесоа дека ќе се состане со организацијата „Разбивање на тишињата“, која собира сведочења од израелските ветерани за воениот третман кон  Палестинците на Западниот Брег.

Германскиот портпарол не ги коментираше заканите на Нетанјаху дека ќе го откаже состанокот

Слични содржини