Неуспешен е вчерашниот референдумот во Валандово

од Vladimir Zorba

 Против рудниците на смртта гласаа 4700 граѓани, под силни притисоци

 Референдумот во Валандово не го исполни законскиот цензус за да биде успешен. Согласно законската регулатива недостасуваат околу 300 гласа. На 24 те гласачки места не излегле потребните 5.072 граѓани со што референдумот во Валндово  не е успешен.

Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ тврдат декаво текот  на вчерашниот ден  регистрирале низа  притисоци и закани до граѓаните да не излегуваат на гласачките места и сето тоа биле евидентирано и ќе биде процесуирано до надлежните органи.

„Од ситуацијата на терен забележуваме некои сомнителни ситуации, условно кажано нерегуларности, кои што ги документираме и соодветно ќе доставиме барање за нивно дополнително процесуирање“, вели Борислав Калковалиев – Спас за Валандово.

Против рудниците на смртта гласаа 4700 граѓани,  кои се со стсав дека   во Валандово и на ова општина не и се потребни рудници.

По Гевгелија, Богданци, Дојран – Валандово беше четвртата општина која на референдум се изјаснуваше за отворање рудници и за работата на комплексот Казандол кој се гради на 3 километри од градот. Но за разлика од претходните три општини овде референдумот не го исполни законскиот праг.

Слични содржини