Граѓаните нападнаа врз БТР-те на превратџиите.

4947829 Во Турција пропаднa обидот за преврат на група овицери. Уапсени се 120 од нив, а претседателот Реџеп Ердоган се врати триумфално во Истанбул и предупреди за чистка во армијата. Националната разузнавачка служба на Турција објави дека пучот е спречен. “Обидот за воен преврат во Турција е спречен.

„Тој беше организиран од командата на воздухопловните сили и жандармеријата на земјата “, изјави портпаролот на Националната разузнавачка организација на Турција Нух Јилмаз.

Дел од војниците, учесници во обидот за преврат во Турција, се уапсени по жестоки наредби на обвинителствата во Анкара и Истанбул за инстант апсења, а веќе се појавија и пораки за тоа кои се организаторите на бунтот, пренесоа медиумите. Вкупно прецизирано е дека 104 лица учествувале во организирањето на пучот. Започната е брза истрага за грубо прекршување на Уставот. Началникот на прес-службата на националното разузнавање MIT Нух Јилмаз рече дека обидот за преврат е целосно изгаснат, има локални судири на одделни места, а граѓаните се самоорганизраат  со бунтовниците. Сите учесници во овој обид ќе бидат осудени за предавство, во моментот веќе èе е мирно, истакна портпаролот. Војниците кои ја зазедоа кулата на аеродромот Ататурк во Истанбул, се предадоа, откако повеќе цивили упаднаа без задолжителната контрола во влезовите за меѓународните летови.

Според воени извори, цитирани во турските медиуми, планот за превратот е дело на Правниот советник во Генералштабот на вооружените сили полковник Мухарем Ќосе, кој неодамна бил отпуштен од функцијата. Според други информации бунтот е извршен под водство на воен обвинител и 46 високи офицери. Наведени се  имињата и на полковник Мехмет Огуз Аккуш, мајор Еркан Агн и полковник Доган Ујсал.

Опозицијата во Турција се подели – лидерот на Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу истакна дека евентуалното откажување од парламентарната демократија треба да биде со јасно изразената волја на народот, но републиканците се против претседателскиот модел на управување, а водачот  на партијата на националната акција Девлет Бахчели изјавува категорична поддршка за владата. Бахчели, повика на заеднички напори против обидот за преврат извршен од “мала група бунтовници во униформи”, коментирајќи дека во моментов земјата доживува криза. Според него, сепак е особено сериозна закана фактот дека народот е повикан да излезе на улиците и да се фрли во отворен конфликт со турската армија, а тоа може да предизвика граѓанска војна.4947830

Од своја страна, гувернерот на Истанбул Васип Сахин соопштил дека обидот за воен удар во градот бил спречен, а во Истанбул се пренесуваат дополнителни воени формации. Неговата изјава беше дадена на телевизијата Ен-ти-ви. Сахин изјави дека по потреба во градот може да се донесат и  тенкови. Во исто време службеници на истанбулската полиција уапсија четворица војници, кои се обиделе да извршат воен удар, соопшти агенцијата Анадолија. Изданието го  прецизира и звањето на едниот од приведените, кој е полковник. Командантот  на специјалците на турската армија ген. Зекаји Аксакал соопшти пред телевизијата Ен Ти Ви дека државниот удар бил поддржан од мал дел од војската  и наскоро работите ќе бидат вратени под контрола.

Во Анкара воената техника  ги напушта позициите во градот. Беше објавено дека е ослободен началникот на Генштабот на армијата и неколкуте генерали кои беа уапсени во почетокот на превратот. Командантите родови војници останале на земјата на важечката  влада. Силите за безбедност уапсија 13 лица,кои  се обиделе да ја заземаат претседателската палата во Анкара. Премиерот Бинали Јилдирим најави дека воздушниот простор на Турција е затворен . “Секое летало ќе биде приземјено од земја или воздух”, рече тој.

 

4947831 Премиерското советник Кемалитин Хасим смета дека владата може да си ја  врати контролата до 24 часа. Пред телевизијата “Блумберг”, тој рече дека : “контролира повеќе територии, вклучувајќи Истанбул. Мислам дека до 24 часа ние целосно ќе контролираме ситуацијата “. Во меѓувреме две бомби беа пуштени над зградата на парламентот, а претседателот на парламентот Исмаил Кахраман слезе во бомбашкиот бункер. Пријавени се исто за двајца убиени во судирите во Истанбул. Во исто време и во Истанбул, и во Анкара и во Измир излегле  десетици илјади луѓе во поддршка на владата. Кон 4:00 часа беше соопштено дека десетици офицери земале учество во обидот за воен удар во Турција, и се предаваат  со  оружје на полицијата на плоштадот Таксим во Истанбул , соопштено е од  очевидци, цитирано од агенциите. Според последните податоци во Истанбул загинаа шест лица во судирите, порано се соопштуваше се двајца загинати.

Повратникот во Истанбул претседател Реџеп Ердоган даде изјава за новинарите. “Сите вмешани во обидот (за преврат) ќе претрпат најмногу сурово казнување, независно од тоа какви структури претставуваат”. Неговата изјава беше емитувано на државната телевизија ТРТ, која продолжи со емитување . Претходно таа беше запрена откако бунтовници објавија програмата во нејзиниот етер. Потоа тој му  се обрати на народот по враќањето во Истанбул, во кое вели дека во армијата ќе биде извршена чистка. Тој истакна дека “групата бунтовници, атакувале  врз единството на нацијата, добивала инструкции од старешините што живеат во САД”, пренесе телевизијата “Ал-Мајдин”. Претходно министерот за правда Бекир Боздаг изјави дека обидот за преврат беше преземен од членовите на движењето “Хизмет”, создадено од Фетулах Гулен, обвинет во антивладини активности. Гулен живее во егзил во САД. Ердоган ги повика граѓаните да останат на улиците, додека војниците не се вратат во касарните. Претседателот потврди дека се наоѓал во одморалиштето Мармарис, кога е навлегол државниот удар. Тој рече дека авиони на бунтовници се обиделе да  ја бомбардираат неговата резиденција. Хотелот во кој тој се наоѓал, бил удрен од  воздухот, малку откако претседателот го напуштил. Ситуацијата сепак продолжува да е сложена, и покрај впечатокот дека државниот удар на групата офицери  не успеал. Бунтовници отвориле оган врз трупите, собрани пред парламентот и зградата на Генштбот на армијата во Анкара.

4947832 Има повредени, соопшти агенцијата Анадолија. Во престолнината дел од превратаџиите ја  заземале зградата на телевизијата CNN Turk. Емитувањето на медиумот е блокирано . Подоцна во етерот беше прикажан кадар, од кој се гледа празно студио и се слушаат истрели. Подоцна емитувањето беше обновено. Авиони на бунтовниците по трет пат фрлиле и бомба во зградата на парламентот, а повредени се 15 лица.

Во Истанбул авионите нанеле удари и на плоштадот  Таксим. Таму се собрале приврзаници на претседателот Реџеп Ердоган, а исто и бунтовници кои имале  оружје. Според очевидец над плоштадот лебделе  ловци, кои во еден момент фрлиле 3-4 бомби. Соодветно се  чуле моќни експлозии. Потоа еден од авионите фрлил уште три бомби. Според последните информации,  конечни податоци загинатите за време на пучот  се 60 лица. Пријавени се исто 120 уапсени воени лица.

Слични содржини