Невеста си ја отвори душата: Се напив на сопствената свадба! Се посрамотив како никогаш, а утрото не се сеќавав на ништо!

од desk3

Венчавката е еден од најважните денови во животот на многу жени, но понекогаш може да случи нешто и се да започне лошо.

Тоа го доживеа и една невеста, која одлучи да го подели своето искуство од венчавката. 

Таа јавно проговори за една работа која и ја уништи венчавката,  за да ги предупреди идните невести да не ја повторат истата грешка. 

Така таа признала дека многу се напила, поради што наредниот ден имала дупка во сеќавањата на еден од најважните денови во својот живот. 

“Бев нервозна, возбудена, а се смирував со по некоја чашка”.  Но, како повеќето невести од своите емоции заборавила да јаде, алкохолот има уште побрзо и појако дејство кога си гладен. “Наместо убави сеќавања на тој ден, јас се разбудив во хотелска соба со најлошиот мамурлук, без бурма и со сеќавања само на првото пијано танго, пред 110 гости”, раскажала Холи за Сан.

Понатаму објаснила дека дури и се скарала со својот сопруг, поради што се чувствувала посебно лошо…

 

“Се скарав со сопругот на првата брачна ноќ, која тој ја помина на каучот, бидејќи не му дадов да спие покрај мене. Но, долго не се лутеше, бидејќи ми  помогна да го пронајдам прстенот, поради што мораше да се соочи со семејството и пријателите, пред кои се посрамотив.”

Холи исто така напомена дека нејзините деверици ја подргревале атмосферата, и ја поттикнувале на алкохол, бидејќи тие се тука само поради добра забава, која почнала уште додека се подготвувале.

 

 

Слични содржини