Невидливите стелт авиони – битка за милијарди, која Москва скришум ја води и заостанува 20 години зад американскиот F-22 Раптор

од desk2

Меѓу Индија и Русија се појави една апсурдена студија – случај поврзан со развојот и воведувањето во експлоатација на новиот руски борбен авион од петтата генерација Т-50 или пак ФП – како што му е другото име. Пак ФА е руска кратенка од “перспективен авијациски комплекс за фронтова авијација”.

Ова е првиот руски стелт борбен авион. Индијците, кои учествуваат во развојот со 25 милијарди долари, од Русија бараат  целосен пристап на know-how технологијата за негово производство. Целта на Индија е сама да може да прави еден стелт борбен авион. Нешто што сега не може ниту со составувањето на Су-30МКИ на своја територија. Руските медиуми грмнаа со иронично наслови: “Еве ви рупии, дајте ни цртежи!”.

Кои рупии, какви цртежи! Во моментов, Индија на своја тетиторија сого голема со мака  ги прави руските Су-30МКИ. Секој детал за нив доаѓаат од фабриките на “сухој”. Оваа корпорација е и главен конструктор на Стелт авионот Т-50.

Тоа, според Делхи, е многу неповолно и авионите им излегуваат прилично скапи. Затоа уште во 2007 година тие ветија дека ќе финансираат дел од проектот Пак ФА, а тоа се тие 25 милијарди долари.

Сега Индија бара две огромни побарувања – прием на целосен пристап до технологијата know-how за новиот невидлив авион и помош во развој на аналоген индиски борбен авион.

Индискиот извор од Министерството за одбрана тврди дека за тоа се “задолжителни услови” за продолжување на финансиско учество во проектот.

Во исто време во Делхи се незадоволни од моќноста на новиот борбен авион.

Тие биле со мотори кои не се ништо ново за воената техника – истите се инсталирани и на другите авиони од Сухој од генерацијата 4 ++++. Индија критикува и другите карактеристики на Стелт авионот, како најважна е најниска откриеност на радарите. Во извештајот Делхи набројува 43 недостатоци на руски Т-50 или пак ФА. А за него руските медиуми трубат со години дека ќе биде конкурент на F-22 Raptor и F-35 Lightning II.

Ако ги читате руски медиуми, за нив пишуваат и во Пентагон едвај не се кријат под своите бироа, и како сецслушаат за “Пак ФА”. Има и многу трезвени проценки за заостанувањето на земјата во оваа област. Рапторт за Пентагон влезе како оружје пред 16 години.

Досега од него се произведени 187 броја и веќе производството престана. Не затоа што е слаб авион, а поради високата цена од 145 до 170 милиони долари. Истребувачот е толку напреден така што извозот е забранет, па дури и за најблиските сојузници.

Руски експерти ја потсетија Индија дека земјата нема никакво искуство во производство на сопствени високо технолошки борбени авиони. Корпорацијата Hindustan Aeronautics не поседува никакво know-how за создавање на толку комплексни материјали и конструкции. Учеството засега се сведува само во развој на патниот компјутер и дел од Авионот.

Технологијата за борбен авион од петтата генерација не е како да продадеш на некој цртежи и правата за производство на фрижидери или микробранови печки, потсети еден руски експерт. Индија продолжува да инсистира да го добие своето и повторува дека во иднина сама ќе го составува во халите Т-50 и секоја завртка, која сега доаѓа од Русија, тоа ќе е многу неповолно.

Воените фабрики на Индија се познати по својата ниска продуктивност на трудот. За 10 години земјата успеа да направи само 120 тенкови од својот проект “Арџун”.. Руското воено министерство најави дека се создадени 7 прототипа на Т-50. Постојано има проблеми со нив.

Новиот многу помоќен мотор требаше да биде готов до пролет оваа година. Штотуку стана јасно дека тестирањата ќе започнат дури во средината на 2018. Военото министерство има зелено светло за купување без никакво буџетско планирање секој новоизградени авион. Така, ако земјата направи шест авиони за годината – ќе бидат купени веднаш сите.

Ако бројката достигне 10 – сите се плаќаат и стапуваат во вооружување. Според планот до 2020 во воздухопловните сили треба да има барем 55 Стелт авиони Т-50 или пак ФА. Независниот воен аналитичар Павел Фелгенхауер напиша за руската “Новаја газета”: “Тоа е само прототип, на кој засега му недостасуваат новите мотори и електрониката. Тука се потребни и револуционерен нов типови на материјали кои Русија засега ги нема”.

Слични содржини