Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

од desk3

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

nevreme-albanija

Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат и да го намалат нивото на водата.

Во изминатите неколку часа, поради силните ветрови, имало големи бранови во морето, поради што два траекти кои сообраќаат на релацијата Валона – Бриндизи (Италија) не можеле да испловат утрово од пристаништето во Валона, а околу 300 патници останале блокирани.

Силните врнежи поплавиле и неколку автопатишта во Албанија, а ризик од поплавување им се заканува и на повеќе куќи. Според информациите, сообраќајната полиција веќе интервенирала и евакуирала граѓани кои биле заробени во своите возила, а сообраќајот на дел од патиштата се одвива отежнато.

Во меѓувреме, метеоролозите предвидуваат дека слични временски услови, силни дождови и ветер, ќе преовладуваат во текот на целиот ден.

 

МЕТА

Слични содржини