Невреме во Словенија и Хрватска: Бури и силни ветрови откорнуваа дрвја

од Vladimir Zorba

Бури и силни ветрови предизвикаа проблеми во западна Словенија и во центарот на оваа земја, соопшти денеска Националниот информативен центар за транспорт.

Како што се наведува некои патишта се блокирани од паднати дрвја и лизгање на земјиштето помеѓу Нова Горица, Толмин и Бовец, пренесува агенција СТА …

Силна бура и дожд со град со големина на лешник ја погоди Хрватска денеска во попладневните часови, јавуваат хрватските медиуми.

Dnevnik.hr пишува дека невремето пристигнало од Словенија во Хрватска и први на удар беа регионите во Загорје и Истра, дури потоа се прошири на Кварнер, каде од бурата има многу откорнати дрва.

Слични содржини