Невремето ги прекина услугите на „Телеком“

од Vladimir Zorba

Без телевизија, интернет и телефон останаа корисниците на мрежата на „Телеком“ во Скопје, и во други делови од државата. Граѓаните се жалат дека без комуникации биле неколку часа.

Од компанијата  преку нивната „Фејсбук“ страница ги информираат своите корисници дека услугите се недостапни како последица на невремето.

„Почитувани корисници, Ве информираме дека како последица на невремето што го погоди Скопскиот регион, настанаа технички проблеми при што дојде до прекин на нашите услугите кај корисниците на територијата на град Скопје и дел од територија на Македонија, како и до недостапност на Контакт центарот. Нашите тимови се на терен и работат на брзо и ефикасно отстранување на проблемите со цел непречено користење на услугите. Ви благодариме за разбирањето, пишува во соопштението од „Телеком“.

Слични содржини