„Неврзаните“ што нема да протераат руски дипломати

од desk2

 

Иако голем број на земји одлучија поради случајот Скрипал да ги протераат руските дипломати, некои не сакаат тоа да го направат.

Бугарската агенција “BGNES”, повикувајќи се на изјавата на Министерството за надворешни работи на земјата, јави дека Бугарија не ја промени својата одлука и нема намера да ги протера руските дипломати од земјата, откако тоа го направија некои европски држави.

“До овој момент нема промена, Бугарија не донесе одлука за протерување на руски дипломати од земјата”, го наведува агенцијата соопштението од Министерството.

Ни Белгија засега не презема никакви мерки за солидарност со Велика Британија во врска со инцидентот во Солисбери, пренесува радио “Premiere”.

Уште нема потврда на овие информации ни од министерството за надворешни работи.

Словенечкиот премиер во технички мандат, Миро Церар, изјави дека официјална Љубљана нема да протерува руски дипломати, објави порталот “Delo”.

“По завршувањето на самитот, словенечкиот премиер Миро Церар соопшти дека Словенија нема да протера ниеден руски дипломат, ниту ќе преземе други слични мерки”, пишува порталот.

Ни Австрија нема, како што е соопштено вчера, да протерува руски дипломати.

Претходно 14 земји на ЕУ, како и САД, Канада и Украина, одлучија да протераат руски дипломати во врска со инцидентот во Солисбери. Вчера, и Македонија покажа солидарност со Велика Британија, па од министерството за надвотрешни работи соопштија дека ќе протераат еден руски дипломат.

Во британскиот град Солисбери, на 4. март беа отруени поранешниот полковник на Главната оперативна управа на Русија, Сегеј Скрипал, кој работел и за британските разузнавачки служби, и неговата ќерка Јулија. Британската страна тврди дека во труењето на Скрипал со супстанцата “A-234” е вмешана Русија.

Слични содржини