New Europe: Франција се врати во Европа

од Vladimir Zorba

Ќе биде потребно време за да се разберат целосно последици од француските претседателски избори, пишува весникот New Europe. Но сепак веќе знаеме дека победата на Емануел Макрон има симболично значење не само за Франција, но и за Европа.
На прво место, победата на Макрон го прекина бранот на популистте, кој помина низ Европа.

По референдумот за Брегзит во Велика Британија и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД минатата година, популизмот претставуваше егзистенцијална закана за Европската унија. И иако победата на Макрон не значи дека популистичката закана е уништена, таа покажува дека ваквите сили можат да бидат ограничени.

Една од предностите на Макрон е дека тој разбира еден важен момент: секоја преориентација на француската политика во однос на Европа бара зајакнување на француската економија.

За разлика од многу левичарски лидери кои сакаат да ја напаѓаат Европа и да ја обвинуваат ЕУ за внатрешни проблеми, Макрон верува дека Франција е ослабена од свој не успех да спроведе структурните реформи.

Она што го разликува новиот претседател, е дека за време на кампањата тој јасно истакна овој аргумент, додека повеќе политички лидери денес избегнуваат да ја штитат Европа. Тој смета дека без длабока политичка реформа ќе биде невозможно да се промени ситуацијата на континентот или да се обнови рамнотежата во француско-германските односи.

Слични содржини