New York Times објави ексклузивни и прикажана крвави ФОТО 18+ од атентатот во Манчестер, Тереза ​​Меј лута!

од Vladimir Zorba

 

 

Британската полиција, која го истражува самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер, ја стопираше размената на информации со САД, бидејќи некои разузнавачки податоци „истекоа“ во американските медиуми, јави Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис наведува дека манчестерската полиција се надева дека наскоро повторно ќе биде воспоставена нормална размена на разузнавачки податоци, но оти „моментално е бесна“.

Британската полиција соопшти дека истекувањето информации за терористичките напади во Манчестер ја загрозува истрагата.

Портпаролот на полициските единици за борба против тероризмот изјави дека иследниците се „потпреле на довербата“ на партнерите ширум светот, но оти тие „односи во истрагата се загрозени, кога таа доверба е нарушена“.

Американските медиуми објавија фотографии, кои наводно ја прикажуваат експлозивната направа користена во нападот во Манчестер.

„Њујорк тајм“ вчера објави фотографии, кои наводно го прикажуваат можниот детонатор, батерија, шрафови користени за шрапнелите, како и делови од ранецот, користен во нападот, јави Си-Ен-Ен.

„Тајмс“ не наведувајќи извор пишува дека британските власти овозможиле пристап до фотографиите на предметите пронајдени на местото на ескплозијата

 

Јасно е дека американската влада имала фотки  неколку часа пред тие да бидат поставени од новинарите. Изворите на Белата куќа се дел од истрагата, и на тој начин името на Абеди стана познато во Америка  еден час пред да биде соопштено во Велика Британија. Портпаролот на центарот за тероризам пушти твитови во кој го  пишува следново: “Неовластено откривање на потенцијални докази во екот на големата истрага ја поткопува нашата работа”

Синоќа имаше загриженост дека овие откритија можат сериозно да им  наштетат на односите на двете  страни. Се очекува денеска Тереза Меј да го покрене прашањето на самитот на НАТО во Брисел.

Сложената бомба на Абеди

Доказите покажуваат дека атентаторот Салман Абеди носел бомбата во ранец “Каримор ‘и ја активирал со прекинувач кој го држел во левата рака. Специјалист тврди дека сложената уред може да е бил вклучен од далечина Експертите кои анализираат фотографиите синоќа, тврдат дека механизмите зголемуваат можноста некој друг да ја  има активирано експлозијата, што објаснува зошто “Исламска држава” не го  опишува овој варварски чин како “самоубиство”.

 

 

Слични содржини