Newinform.com: Русија ја научи сириската армија да ги победи терористите

од Vladimir Zorba

Последните активности на сириските воени сили покажа дека руските воени советници работеле напорно.

Сосема до неодамна Сириската армија се истакнуваше со хронични “болести” така што беа слаби и имаа недостаток на потребно обезбедување на безбедноста на комуникации.

Овие пропусти на сириските команданти доведоа до зголемена ранливост на владините трупи и тие често ги предавале позиции, тврди Newinform.com.

Во последно време, сепак се забележува дека силите на Асад се почесто сами го опкружуваат противникот и  внесуваат неред меѓу нивните “редови”. Според експертите, токму новата тактика им овозможува на Сиријците да го заобиколуваат противникот, што го објаснува драстичното ослободување на значителни територии на земјата.

Според изјавата на експертот Александар Перенџиев од Рускиот економски универзитет “Г. Плеханов “за агенција Фан, причина за новата тактика е резултат на токму продуктивната работа на руските воени советници кои ги научиле Сиријците да разчистуваат ситуации и да го заобиколуваат противникот.

Според мислењето на Перенџиев, токму руските советници успеале да ги научат Сиријците ефикасно да дејствуваат во условите на пустината и да им помогнат при организирањето на линиите за снабдување на војниците и ефективната ротација. Како резултат на тоа сириската армија започна да демонстрира ново ниво на спроведување на борбени операции, што се забележува на пример кај војниците на Асад во Јужна Сирија.

Слични содржини