Незабранетата улична уметност на бунтовникот СУИКО

од Vladimir Zorba

Се потпушува како СУИКО, не го крие сопствениот идентитет, но својот визуелен печат го става на големите ѕидови во светот. Јапонскиот муралист е познат по својата иновативност, кружните форми и неуморноста во создавање уметност во големи формати. Признат од своите колеги ширум светот, неговите мурали ги красат ѕидовите во Хирошима, Бразил, САД, а неговиот дизајн е на производи на Дизни, како и  на спортска опрема.

„Мојата идеја е да го направам надворешното опкружување поубаво за жителите“, вели СУИКО за Брилијант идеас.

Има сопствено студио во Хирошима, но неговиот ангажман е светски распространет.СУИКО како графити артист до сега бил уапсен еднаш, но откако добива светска слава, тој легално се потпишува во јавниот простор.

Слични содржини