Незадоволство во Советот за реформа на правосудството расте, се најавуваат оставки

од desk4

Оставки од повеќето членови на Советот за реформа на правосудниот систем најави Мирјана Најчевска, член на Советот, доколку Владата не ги уважи сугестиите и барањата на експертите ангажирани во ова тело. Најчевска во вечерашната Топ Тема на Ваша страна рече дека освен што тие биле именувани за членови без да бидат консултирани, немаат деловник за работа, не знаат која е нивната улога, надлежност, кој им е мандатот, информира Телма.

 

Најчевска вечерва најави дека на следниот состанок на Советот закажан за 19 декември, на која се надева дека ќе присуствуваат министерот за правда и неговиот заменик, дека ќе успеат да се убедат со владата за тоа која треба да биде нивната суштинска улога во реформите на правосудството.

„Се надевам дека на толку многу експерти, судии, обинвители, експерти, во Советот ќе имаме доволно сила да се наметнеме. Доколку не успее во тоа тогаш најголем дел од членовите ќе поднесат оставка бидејќи се обезмислува нашето присуство во едно вавко тело“, изјави Најчевска.

Таа не смета дека намерите на владата се лоши, туку дека таа се зафатила за многу области да ги реши и не може сите работи да ги исполни.

Она што најмногу им пречи на експертите ангажирани во Советот е што работите се превртени наопаку, поточно наместо идеите и насоките за приоритетите за реформите во правосудството да доаѓаат од експертите во Советот до Владата, се случува обратно.

„Политичарите врз нашите предлози треба да несат политички решенија. Кај нас се случува обратно. Нам идеите ни доаѓаат од Владата“, изјави Најчевска.

Според неа Советот или служи како алиби за реформи кои се прават на друго место или Владата не знае како да искористи едно вакво експертско тело и експертизата која тоа може да ја пружи, рече Најчевска во топ Тема на Ваша страна.

„Не сакаме да бидеме дел од политичкотот одлучување, но да ги нахраниме со она што значи елементарно знаење“, вели Најчевска.

Слични содржини