“Независимаја газета”: Транстихоокеанското партнерство ќе биде реализирано без Американците

од Vladimir Zorba

Следната недела ќе се одржи средба на трговските министри од 11-те земји кои учествуваат во Транстихоокеанското партнерство (ТТП). На неа тие ќе дискутираат за иднината на договорот, пишува рускиот весник “Независимаја газета”.
Претходно премиерот на Нов Зеланд Бил Инглиш и неговиот јапонски колега Шинзо Абе потврдија дека сакаат да продолжат реализацијата на договорот без учество на САД. Истовремено во Токио изразуваат надеж дека Вашингтон ќе размисли и ќе се врати на ТТП. Експертските не ја исклучат можноста за таков развој на настаните.

По разговорот со Абе новозеландскиот премиер истакна дека останал задоволен од средбата и дека нивната дискусија “се покажала поповолна од очекуваното”. Пред тоа јапонскиот премиер истакна дека сака да се оствари ТТП според распоредот, договорен уште додека САД учествуваа во договорот.

Со други зборови, се планира трговскиот договор да биде исполнет во првата половина на следната година. Инглиш истакна дека Нов Зеланд и Јапонија сакаат да станат новото јадро на ТТП што ќе биде движечка сила при исполнувањето на договорот и стимулирање на другите учесници. ТТП беше потпишан во 2016 година во новозеландскиот град Окленд, како тогаш во него се вклучија 12 земји: САД, Австралија, Канада, Мексико, Нов Зеланд, Малезија, Перу, Брунеи, Виетнам, Сингапур, Чиле и Јапонија. Потоа сепак американскиот претседател Доналд Трамп одлучи САД да се повлечат од договорот.

Слични содржини