NI анализа: Чии тенкови се способни да победат во војната меѓу “Исток и Запад”?

од Vladimir Zorba

Русија постигна паритет во оклопна техника со земјите од НАТО и во наредните години ќе продолжи да ги зајакнува позициите, додека во тоа време САД и нивните сојузници ризикуваат трајно да го изгуби лидерството во оваа област, смета коментаторот на списанието National Interest Лорен Томпсон.

На прво место авторот обрнува внимание на мрачната ситуација со производството во Америка. “Производството на борбени машини се наоѓа на најниско ниво во последните децении” – истакна тој.

Според неговите зборови, во САД годишно произведува не повеќе од 12 парчиња “Абрамс”, а планот за набавка на тенковски бригади со современо оружје, воспоставено уште при администрацијата на Барак Обама, ќе биде реализиран дури по четвртина век.

Томпсон потсетува дека Италија, Германија и Франција имаат по 300 тенкови, а Русија одржува во борбена готовснот неколку илјади машини (околу 15.000).

Според авторот, сега страните постигнале паритет, но сепак наскоро Москва може да добие предност со развој на универзалната борбена платформа “Армани”, за која нема аналогна на Запад.
“Нема да е претерување да се каже дека оваа диспропорција може да доведе до пораз на САД во евентуална идна војна на Западот со Истокот” – смета експертот.

Ситуација може да се соочи само со форсирана програма за модернизација на американските тенкови, смета Томпсон. Тој како пример го наведува проектот на компанијата General Dynamics, која е подготвена да му испорачува на Пентагон по 22 “Абрамса” месечно.

“На армијата и требаат повеќе пари за модернизација” – е категоричен авторот. Тој е убеден дека “драстичното ограничување на против растечката руска воена машина” треба да стане “висок инвестициски приоритет” за Белата куќа.

Слични содржини