Ни срам, ни перде! Романска пратеничка беше осудена, зашто ја најмила мајка си во парламентот

од desk3

Поранешната пратеничка од романската Социјалдемократска партија Оана Никулеску Мизија е осудена денес конечно од Врховниот касациски суд на една година затвор условно по обвинение за конфликт на интереси, соопшти агенцијата “Аџерпрес”, цитирана од агенциите.

zx450y250_2737589

Поранешната народна претставничка беше обвинета дека ја најмил за работа мајка си во својата парламентарна канцеларија.

Првично во октомври 2014 година, Оана Никулеску Мизија е осудена на три години затвор условно. Денес петчлен судски состав и ја усвои жалбата и ја намали казната. Во судницата поранешната пратеничка изјави дека ја најмила мајка си во парламентарниот канцеларија, бидејќи никој друг не сакал да ја преземе функцијата советник во тешката изборна комисија Рахова-Ферентари.

Оана Никулеску Мизија беше испратена на суд во септември 2013 година. Според обвинителите нејзината мајка Лидија Никулеску Мизија Штефанеску реализирала приходи во износ од 65 697 леи за својата работа во парламентот во периодот мај 2009 – септември 2011 година Во март 2015 година Оана Никулеску поднесе оставка како пратеник.

Слични содржини