Ни трага од подморницата, детектирани повици

од desk2

Аргентинската морнарица детектирала седум куси сателитски повици, за кои надлежните сметаат дека доаѓаат од исчезнатата подморница.

Во подморницата се наоѓаат 44 членови на посадата.

Морнарицата смета дека повиците „укажуваат на тоа дека посадата се обидува да воспостави контакт“ и додаваат дека ќе се обидат да ја откријат изворната локација на повиците.

Тие траеле од 36 секунди до четири минути.

Аргентинските власти соопштија дека за сега не е потврдено дека повиците доаѓаат од подморницата, но тоа е моментална хипотеза, пренесе AP.

Портпаролот на морнарицата, Енрике Балби, вели дека во сабота подрачјето на потрага е проверено два пати, заради грижата за судбината на посадата во подморницата.

„Не ги отфрламе теориите“, вели Балби, додававјќи дека и проблемите со комуникацијата и со системот за напојуавње исто така го објаснува исчезнувањето на подморницата.

Властите последен пат имале контакт со подморницата во среда, додека пловилото било на пат од пристаништето Ушуаја до Мар дел Плате.

Претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, соопшти преку Твитер, дека Аргентина ги користи сите домашни и меѓународни ресурси неопходни за пронаоѓање на подморницата.

Слични содржини