Белградскиот весник „Блиц“ во текст под наслов „Шокантна порака – може да ни вратат 150.000 бегалци“ ја цитира портпаролката на ЕК, Наташа Берто дека договорите за реадмисија потпишани меѓу Србија и ЕУ им дозволуваат на земјите-членки да не ги враќаат само српските граѓани на кои им е отфрлено барањето за азил, туку и „граѓани од трети држави“, односно бегалците од Сирија, Авганистан и други земји.

migrant

Официјални претставници во Белград прашуваат кој и врз каква основа ќе одлучува кој да биде вратен во Србија, а министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ истакна дека се подготвуваат контрамерки. Тој нагласи дека е недопустливо „Србија да биде затворена со огради и сообраќајот да се прекинува“.

– Ако Европа не е способна да управува со ЕУ, ќе бидеме принудени да преземеме контрамерки. Наместо ЕУ без граници, повторно имаме Европа со железна завеса. Србија не може да дозволи да биде концентрационен логор, оградена со бодликава ограда, со прекинат сообраќај, и никој да не реагира за тоа, смета Дачиќ.

Според „Блиц“, подготвуваните контрамерки од страна на Белград се тужби пред меѓународни судови против државите кои ги затвораат границите со Србија. Сите министерства веќе подготвуваат информации какви штети би имала земјата од затворањето на границите.

Слични содржини