Мараја Кери и Ник Кенон ги поминаа Велигденските празници како семејство и актерот е на пат да размисли за разводот со Кери. 34-годишната ѕвезда поднесе документи за развод на бракот со пејачката во декември и иако во моментов излегува со манекенката Џесика Вајт, веќе размислува дали има како да го спаси бракот со мајката на децата Монро и Мароко (3).c4e3e94d159c787e76c0e57143a84e66

Запрашан дали има шанса повторно да се смири со Мараја, Кенон одговори: “Никогаш не кажувај никогаш”. Што се однесува до љубовните совети, Ник изјави за TMZ: “Само пушти се по течението и сакај силно”.

Мистериозните коментари на актерот за семејниот статус се појавија, набргу откако стана јасно дека Мараја нема да му ги плати посакуваните 30 милиони долари при развод. Дата претходно беше категорична дека тој нема да добие ни цент повеќе од 10 милиони, за што Кенон се закани дека ќе објави книга и ќе направи филм за својот живот со неа, во кои ќе ги извади сите нејзини тајни.

Слични содржини