Никакви разводи за време на Рамазан, за да нема импулсивни одлуки поради глад

од desk3

Шефот на палестинските исламски судови им нареди на судиите да не разведуваат бракови за време на светиот муслимански месец на пости Рамазан, бидејќи лишувањето од храна и цигари може да предизвика избрзани решенија, пренесуваат агенциите. 

Во изјавата Махмуд ал Хабаш уверува дека се потпира на “искуството од претходните години”.

За време на светиот муслимански месец кој оваа година започна пред два дена  “некои луѓе бидејќи не се хранеле и не пушеле, создаваат проблеми, во бракот а потоа превземаат избрзани одлуки”, објасни тој.

Слични содржини